Државата ќе се задолжи за нови 210 милиони евра

Bez autora
Sep 22 2011

Државата ќе се задолжи за нови 210 милиони евра кај европските банки за да ја финансира изградбата на хидроцентралата Бошков Мост, Коридорот 10, спортски сали и за кредити за поддршка на малите и средни претпријатија. На денешната Комисија за финансирање и буџет, опозицијата ги прифати проектите кои ја подобруваат инфраструктурата, но нагласи дека за идните генерации би било подобро Власта, наместо да гради споменици и да се задолжува, да ги реализира проектите со сопствени средства. Секоја година од буџетот може да се издвојуваат по дваесетина милиони евра за овој Бошков Мост и државата да го финансира со сопствени средства и да не се задолжува, па идните генерации да мораат да го враќаат кредитот. Опозицијата ја запраша власта колку е зголемено задолжувањето на Македонија, на ова Недим Рамизи, заменик-министер за финансии одговори дека земјата се задолжува согласно стратегијата за управување со јавниот долг.

Државата ќе се задолжи за нови 210 милиони евраДржавата ќе се задолжи за нови 210 милиони евра кај европските банки за да ја финансира изградбата на хидроцентралата Бошков Мост, Коридорот 10, спортски сали и за кредити за поддршка на малите и средни претпријатија.

На денешната Комисија за финансирање и буџет, опозицијата ги прифати проектите кои ја подобруваат инфраструктурата, но нагласи дека за идните генерации би било подобро Власта, наместо да гради споменици и да се задолжува, да ги реализира проектите со сопствени средства.

„Секоја година од буџетот може  да се издвојуваат по дваесетина милиони евра за овој Бошков Мост и  државата да го финансира со сопствени средства и да не се задолжува, па идните генерации да  мораат да го враќаат кредитот“, рече Марјанчо Николов од СДСМ.

Опозицијата ја запраша власта колку е зголемено задолжувањето на Македонија, на ова Недим Рамизи, заменик-министер за финансии одговори дека земјата се задолжува согласно стратегијата за управување со јавниот долг.

Со овие средства ќе се финансира хидроцентралата „Бошков мост“, за Македонската банка за поддршка и развој ќе се обезбедат дополнителни 50 милиони евра за кредитирање на малите и на средните фирми, ќе се градат  спортски сали и ќе се рехабилитираат основни и средни училишта, ќе се градат 28 километри од автопатот Демир Капија-Смоквица на Коридорот 10 и ќе се модернизира градскиот сообраќај во Скопје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik